Oдбива да се шминка и не ѝ пречело што сопругот ја запросил со прстенот од поранешната сопруга: Оскаровката Франсис не е класична холивудска жена

Добивај вести на Viber

Франсис синоќа, по трет пат доби Оскар на 93-та церемонија на Оскарите.

Оскарот го доби за најдобра актерка во главна улога, во филмот „Номадленд“ кој исто така се закити со Оскари, покрај оној за најдобра актерка, беше избран и за најдобра фотографија и најдобар директор.

Актерката Франсис Мекдорманд (63) ја игра главната улога во филмот „Номадленд“, кој беше номиниран во шест категории за Оскарите, па како што ја нарекуваат „посебната холивудска жена“ заслужено се закити со статуетката.

Франсис дефинитивно не е класична холивудска актерка, таа е посебна и сите ја сакаат.
Таа привлекува големо внимание со својот актерски талент, но и со својата природа и приватниот живот, за кој многу се зборува, а дефинитивно е дека таа не е „класична холивудска актерка“.

Имено, Франсис никогаш не се шминка, па на Оскарите во 2018 година дојде во природно издание и ги воодушеви сите со својот феминистички говор, а за време на кој ги покани сите номинирани жени да станат од своите места.

- Мерил Стрип, ако го сториш тоа ти прва, сите ќе те следат - ѝ рече таа на својата колешка и доби громогласен аплауз. На Франсис ѝ беше украдена златната статуа истата вечер, но на забавата по доделувањето на наградите, брзо ѝ беше вратена.

Таа и синоќа воодушеви со својот природен изглед и скромен стајлинг.

Френсис е во брак со славниот режисер Џоел Коен (66) од 1984 година, и делумно благодарение на него има освоено Оскари, затоа што тој ја убедил да прифати улоги во тие филмови. Она што е интересно е дека Џоел ја запросил со прстенот од поранешната сопруга, а на неа воопшто не ѝ пречело тоа, бидејќи, како што рече самата, таа е практична и не сака да ги фрла работите.

Франсис со сопругот

Нивната љубовна приказна започна во 1983 година на аудиција за неговиот дебитантски филм „Крвав“, додека Франсис беше на нејзините актерски почетоци. Во тоа време изгледаше прилично незаинтересирана, па дури и одби да се појави во втората рунда аудиции, но на крајот ја доби улогата.


Помеѓу неа и Коен настанала хемија и откако една вечер го поканила во нејзиниот дом да разговараат за книгите со кои и двајцата биле опседнати, сфатиле дека се создадени едни за други. Тие се венчаа една година после тоа, а прстенот што го доби Франсис ѝ припаѓаше на поранешната сопруга на Џоел, од која се разведе во 70-тите години. Во 1995 година, парот посвои момче од Парагвај, Педро, а и самата актерка била посвоена. Иако е родена во САД, кога имала година и пол, таа била посвоена од канадски пар и никогаш не сакала да воспостави контакт со нејзината биолошка мајка.

Франсис предтоа уште двапати однесе Оскар дома, за филмот „Три постери надвор од градот“ и „Фарго“, а досега беше номинирана шест пати.

извор:telegraf.rs
фотографии:profimedia