Прв свадбен танц на дожд: Мартин Филиповски и саканата со преубава свадбена веселба (ФОТО)

Мартин Филиповски од популарната група „Некст тајм“ вчера направи свадбена веселба со својата избраничка Андреа Белеска, ракометарка од Кичево.


Невестата изгледаше преубаво во бел фустан со вел, додека младоженецот избра бел костим. Првиот танц го изиграа додека врнеше дожд.


Мартин ја побара за жена Андреа на неговиот роденден на 20-ти септември минатата година, а на почетокот на јуни направија венчавка.