Прва фотка на Данијела Димитровска со новото момче: Тој е поранешен фудбалер и има тело за десетка
Данијела минатата година се разведе од Огњен Амиџиќ кој е во врска со 17 години помладата Мина Наумовиќ и очекуваат бебе...
Веќе е јасно дека Данијела Димитровска има нов шест години помлад дечко.
По разводот со Огњен Амидижиќ, манекенката среќата ја нашла со поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ.
Дека ова не е тајна докажува фотографијата која ја објави манекенката со македонско потекло, на нејзиниот Инстаграм профил, и е прва заедно со Јеврем.
Тие двајца се уште не сакаат нивната врска да биде јавна, но бидејќи често се појавуваат заедно во белградските ресторани, шпекулациите дека се заедно веќе се сосема од јасни.
Инаку, овој спортист е активен на Инстаграм каде често објавува слики. Најмногу лајкови имаат оние во кои позира без кошула и на плажа, во кои во преден план се неговите извајани нозе и мускули на стомакот.
Да потсетиме, Данијела минатата година се разведе од Огњен Амиџиќ, кој е во врска со 17 години помладата Мина Наумовиќ.
Тие двајца на социјалните мрежи објавуваат слики и видеа од дестинациите кои ги посетуваат, па за секој чекор што го прават на големо се пишува и зборува.
Неколку месеци пред одлуката за развод, Данијела Димитровска зборуваше за врската со Огњен Амиџиќ.
- Не постои рецепт за брак. Огњен и јас сме заедно повеќе од 10 години и мислам дека не добив кредибилитет да зборувам за рецептот за добар брак. Моите родители, кои се заедно повеќе од 30 години, можат да зборуваат за тоа. Како и секој брак, така и нашиот има свои подеми и падови. Се трудите да дадете се од себе, да работите на себе, а со тоа и на заедницата. Не го поправајте партнерот, туку работете на себе. Давајте се од себе за нешто да успее. Заедничка цел особено кога имате и дете. Хармонијата од моја гледна точка не е иста како од туѓа. Не сакам да генерализирам, да давам рецепти, да судам. Секој треба да работи според своите чувства. И тогаш еден ден кога ќе го поминете патот над 30 години заеднички живот, тогаш ќе знаете дали сте успеале во тоа. Но, повторно, секој брак е единствен и има свој рецепт за успех – изјави тогаш таа.
ФОТО: Инстаграм