Прва фотка со синот Александар: Снаата на Новак, Саша Ѓоковиќ откри како момчето го добило името
Таа ги разнежни
своите обожаватели и пријатели со фотографијанаправена
за време на прошетка
Снаата на Новак Ѓоковиќ, Сашка ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм кога ја објави првата фотографија со синот Александар.
Сашка на фотката синот го носи во кенгур.
- Мама и син – напишала таа под објавата.
Потоа решила да одговори на прашањата на нејзините следбеници кои се интересирале како решиле наследникот да го добие името Александар.
- На почетокот на врската, кога почнавме да зборуваме за деца, заедно кажавме дека тоа е најубавото машко име за нас. Моето вистинско име е Александра, татко ми е Александар, овде веќе изгледа како традиција. Имавме спремно едно машко и едно женско име, па кога дознавме дека сум бремена, немаше дискусија на таа тема - напишала Сашка.
На прашањето колку килограми се здебелила во бременоста, сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ открила дека цело време вежбала.
- Во бременоста се здебелив околу 20 килограми. Се хранев здраво до 9ти месец. Тренирав 4-5 пати неделно до крај. Само ќе кажам дека Џоле ме однесе на тренинг на 22 март во 8 часот, а потоа во болница, за да се породам попладне - напиша таа.
Фото: Инстаграм
Ми падна косата од стрес: Снаата на Новак Ѓоковиќ откри долго чувана тајна: „Морав да се повлечам“