Ми падна косата од стрес: Снаата на Новак Ѓоковиќ откри долго чувана тајна: „Морав да се повлечам“

Добивај вести на Viber

Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов неодамна откри дека е во блажена состојба и дека за три месеци ќе стане мајка, додека браќата Ѓоковиќ ќе станат чичковци

Таа сега откри нови детали од приватниот живот за кои не сакала веднаш да зборува. Како што истакнува, иако бебето е немирно, таа успева да ги извршува сите обврски во текот на денот.

-Покрај гадење, болки поради отоци, бебе кое е хиперактивно и постојано клоца, сепак успевам редовно да тренирам, да го проширам приватниот бизнис и да отворам салон за венчаници пред породувањето - напиша Сашка на својот Инстаграм профил и додаде:

- Јас сум многу среќна! Благодарна сум што го имам најдобриот сопруг, најгрижливите родители и прекрасните пријатели. Моето срце е полно.

Сашка не застана тука, туку во следната објава истакна дека ужива во бракот со сопругот Ѓорѓе, братот на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

- Начинот на кој ме гледаш, насмевката што ја имаш кога зборуваш за нас, среќата што ја шириш затоа што наскоро ќе се исполниш во најубавата улога... Ова ми дава потврда дека ја избрав вистинската личност за татко на моето дете - напиша Сашка со гордост и шеговито додаде:

- Да знаев дека бракот изгледа вака, ќе се омажев порано.

View this post on Instagram

A post shared by Saska Veselinov Fan page (@saskaveselinov_fp)


Сашка меѓу другото призна и дека косата ѝ паѓала поради преголем стрес.

- Се откажав од работата на телевизија бидејќи почнав приватен бизнис. Секој кој се занимава со тоа знае дека ако не сте во него 100 проценти, тој успех е тешко возможен. Можам да ви кажам дека во еден период косата интензивно ми паѓаше поради стрес.

Извор: blic.rs