Снаата на Ѓоковиќ објави убави вести, еве кога ќе се породи: Сашка Веселинов бремена

Таа објави радосни вести

Сашка Веселинов не крие дека ужива во љубовта со братот на најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ, а двојката неодамна ја круниса љубовта со брак.

Сè уште се зборува за нивната гала венчавка, а сега и снаата на Ноле откри дека семејството Ѓоковиќ наскоро добива уште еден член. 

Мал рај на земјата: Погледнете го необично уредениот дом на Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов (ФОТО)

- За неполни 3 месеци ќе ни пристигне засилување во семејството и од тој момент мене ќе ми биде доделена најважната улога во животот - ЌЕ СТАНАМ МАЈКА. Не сакав долго да зборувам на оваа тема, избегнував јавни настани иако се беше во ред со бременоста од првиот ден, но среќата навистина треба да се премолчи. Сега, кога веќе стана очигледно и не можам да го сокријам стомачето, мило ми е што на овој начин можам и со вас да ја споделам најсреќната вест - напиша таа на својот Инстаграм профил, а честитки за убавата трудница штотуку почнаа да се редат.