Прва Конференција за недвижности поддржана од „Гранд Скопје“: Најновите трендови тема на разговор помеѓу експертите

Добивај вести на Viber

За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности ќе се сретнат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.

Оваа единствена можност ја креира првата Конференција за недвижности која на 10 мај ќе се одржи во Скопје, а на која златен спонзор е „Гранд Скопје“.

„Поттикнати од потребата за едукација, развој и унапредување на пазарот на недвижности, „Гранд Скопје“ ја поддржува оваа конференција која отвора нови можности за размена на успешни приказни и меѓународни искуства поврзани со пазарот на недвижности.“- велат инвеститорите на „Гранд Скопје“- МГ Фешн.

Водејќи се од барањата на пазарот на недвижности, како и од потребата за отворање на актуелни прашања за кои е потребна дебата помеѓу професионалците од индустријата за недвижности, конференцијата ќе содржи неколку внимателно одбрани панел дискусии.

Претставниците на „Гранд Скопје“, како искусни професионалци, ќе земат учество на дел од панел дискусиите преку кои ќе ја пренесат својата експертиза од полето на резиденцијално домување како и на просторот за канцелариското работење.

За време на конференцијата ќе бидат презентирани и придобивките на комплексот „Гранд Скопје“ кој се гради во строгиот центар на Скопје и кој со својот уникатен архитектонски израз, висококвалитетна архитектура и бројни погодности има за цел да прерасне во ново обележје на градот.

Првата конференција за недвижности во земјава е во организација на Фортонмка, компанија која е стратешки партнер на Cushman & Wakefield- најголемата светска компанија за советување за недвижности.


ПР објава