Прва збирка рецепти објавена од Бимилк: Многубројни брзи и лесни оброци подготвени со Битолска павлака
Непосредно пред велигденските празници, Битолска млекара ја издаде својата прва „Книга со омилени рецепти“, која содржи над 20 брзи рецепти подготвени со Битолска павлака.
Книгата е сочинета од збирка предјадења, главни јадења и десерти, а во сите нив, една од состојките е Битолската павлака, чија кремаста структура дозволува многубројни лесни и вкусни комбинации, како за солени јадења, така и за слатки.
Од Бимилк велат дека инспирација за книгата биле големиот број рецепти што секојдневно стигнувале на адресата на компанијата, како од вработени во млекарницата, така и од голем број обожаватели, потрошувачи и блогери за храна, на кои пораката на Битолската павлака – „Омилена со секој оброк“ –им била доволна инспирација за да испробуваат различни комбинации со овој производ и да ги споделуваат своите рецепти. Од компанијата рекоа и дека не е исклучена можноста во иднина да издадат и поголем готвач со здрави рецепти, кој ќе ги обединува и другите нивни производи.
Имено, во „Книгата со омилени рецепти“, на рецептите се потпишани голем број од вработените на Бимилк, кои први ја тестираа Битолската павлака во различни јадења, но и пријателите на компанијата, како што се некои од интернет-порталите што објавуваат храна и рецепти и популарните македонски блогери што се занимаваат со готвење и објавување рецепти на социјалните мрежи.
„Книгата со омилени рецепти“ е достапна во сите маркети на Тинекс ширум државата со две купени Битолски павлаки од по 400 г.