Првата книга ја издаде на 10 години: Драгана од Валандово е девојче за пример

Добивај вести на Viber

Од 4. до 10. октомври секоја година се одбележува недела на детето.

Драгана Рајкова е 10 годишно девојче од Валандово. Таа учи во V одделение во ОУ Јосип Броз Тито од Валандово и за прв пат издаде своја книга по повод детската недела.

Лејла мајката на Драгана е дипломиран правник, исто така вљубеник во книгата и пишаниот збор.

Како што ни раскажа нејзината мајка, Драгана почнала да се занимава со пишување на 7 години а веќе на 8 години ја добила првата прва награда за освоено второ место на распишаниот конкурс по повод 8 - ми март. 

Мајката на Драгана, Лејла Рајкова ни раскажа за Драгана и нејзината љубов кон пишувањето.


„Уште како мала пред да заспие постојано и читавме книги, и поубаво заспиваше. Веќе на 5г. почна да изразува желба еден ден и таа да напише книга и родителите на своите деца да им ја читаат нејзината книга пред спиење.Јас како родител увидов дека Драгана има потенцијал, сама си создаваше реченици со рима и ѝ беше интересно, тука го увидов нејзиниот потенцијал. И купивме една тетратка и ѝ реков се што и текнува да го запишува и бележи. На 7 г. веќе ја напиша својата прва песничка и освои награда“ ни раскажа Лејла.


Драгана исто така посетува и музичко училиште во Струмица и свири пијано, а гените за музиката се од татко ѝ Виктор кој е магистар по безбедност, но исто така е и музичар со средно музичко - отсек хармоника.


Драгана чествувала во повеќе литературни конкурси, има неколку награди а најголемата награда е нејзината прва стихозбирка со сликовница под наслов „Спомени од моето детство“ во која се наоѓаат 44 песнички, а секоја песна има своја илустрација за да биде по интересна за децата. Уредник и рецензија се на Вера М. Самарјанин жена хуманист поддржувач и голем човек кој помогнал делото на Драгана да биде издадено и да може секое дете да си го оствари својот сон. 

Пишувањето за Драгана е љубов, сака да пишува и создава поезија и секојдневно создава нови песнички, ни вели Лејла.


„За пишување, Драгана инспирацијата ја наоѓа во сѐ она што го сака, што се наоѓа околу неа, во нејзиното секојдневие и нејзините омилени работи, пишува за љубовта кон семејството, за нејзиното овошје, калинка, смоква, омилениот празник Божиќ итн“, додава мајката Лејла која ни кажа и дека Драгана е многу одговорна, целосно посветена на образовниот процес, дисциплинирано дете, одличен ученик. 


Драгана е дружељублива има големо чувство на емпатија и многу сака да помага. Уметничка душа која ги негува своите таленти.

Драгана кога ќе порасне сака да биде пијанистка или писателка така кажува таа.


Ирена.С