„Првите пари ги заработив во магацин, а после возев камион низ Македонија“: Тошо Малерот се присети на животот пред К15

Добивај вести на Viber

Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот, еден од трите култни ликови во легендарната хумористична емисија К15 зборуваше за животот пред да стане познат. Тој започнал да работи додека студирал, иако татко му го советувал прво да го заврши факултетот. Сепак тој бил одлучен дека сака работа, па првите пари ги заработил во магацин каде останал само неколку месеци.

- Првите заработени пари ми беa уште во 1988 година кога студирав, на татко ми му викам сакам да работам. Тој ми рече заврши факултет, ќе работиш … Сакам да работам, се вработив у некој магацин работев 2 месеци, земав нешто ситно, па после возев камион, зашто јас бев шофер во војска ги имам сите дозволи, возев камион низ Македонија, разнесував некои млечни производи, некои 2 3 месеци, изјави Васко.

Инаку К15 траеше повеќе од 20 години, и денес се актуелни нивните скечеви, а често се цитираат и хумористичните реплики. На крајот на декември минатата година, претседателот на Македонија Стево Пендаровски им додели и Ордени за заслуги.

Повеќе за поткастот со Васко Тодоров можете да погледнете на Фактор.

Фото:Инстаграм