Прво па машко: Се породи Мими Јовановска, синот доби име по голем светец
Се породи младата и шармантна пејачка Мими Јовановска, која на јавноста ѝ е позната по музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката и нејзиниот сопруг музичарот Филип Нуне за прв пат станаа родители.
Денес во приватната болница Аџибадем Систина, Мими на свет донесе машко дете, кое доби име кое е од грчко потекло, а е доста често кај нас во Македонија.
Бебенцето го доби името Никола.
Името Никола било и се‘ уште е едно од најчестите имиња за машки деца. Отсекогаш го носеле големи и значајни луѓе во историјата, затоа се смета за силно и моќно име.
Честитки за бебенцето доаѓаат од сите страни, а тато Филип Нуне не ја симнува насмевката од лицето за синот.
Честитки!
Фото: Инстаграм/Архива Женски магазин
Видео: Youtube
Утринско кафе со Мими Јовановска: Мотивација ми е љубов во секаков облик