Психолог откри неверојатна работа за луѓето со тетоважи: Еве што мора да знаете за нив - зошто се различни

Добивај вести на Viber

Луѓето со векови го тетовираат и украсуваат своето тело. Појавата на тетоважи датира многу назад во историјата. Со оглед на растот на популарноста, има се‘ повеќе истражувања на психолози и разни експерти кои откриваат какви се луѓето кои се тетовираат и што им значат цртежите на нивното тело.

Беше спроведена студија предводена од Вирен Свами од Универзитетот Anglia Ruskin.

Откриено е, според прашалникот на кој одговорија луѓето со тетоважи и оние без нив, дека оние кои украсиле некој дел од телото со цртеж или текст имаат три карактеристики кои значително се разликуваат од оние кои не одлучиле да го направат тоа.

1. Тие се екстровертни

Поотворени се, имаат повеќе енергија, сакаат да се дружат и разговараат, околината ги смета за забавни и љубезни.

2. Тие се единствени

Авторите на студијата велат дека луѓето со тетоважи имаат потреба да бидат единствени, различни од другите. Тие сакаат да се изразат себеси, своите ставови, размислувања и да ги покажат своите разлики и идентитет.

3. Сакаат искуства

Се покажа дека луѓето кои имаат тетоважи се повеќе склони кон авантури, тие се спонтани, желни за нови искуства и познанства, пренесува psychologytoday.com.


Фото: freepik