Психолог предупредува: Вака родителите влијаат на нетрпеливоста меѓу децата која доведува до трагедија

Бруталното убиство во угледното шабачко семејство ја потресе Србија. Осомничен за убиството на 24 - годишното момче е неговиот 4 години помлад брат.

За тоа зошто настануваат несогласувања помеѓу браќата и сестрите, српски Телеграф поразговара со психологот Александра Јанковиќ. Ја прашаа што треба родителите да направат кога ќе ги забелажат првите знаци на нетрпеливост помеѓу децата.

„Родителите мора да работат на превенција кога ќе забележат знаци на несогласување помеѓу браќата и сестрите. Меѓутоа, доколку таа веќе постои, тогаш мора сериозно и конкретно да се разговара со децата - што е тоа што им представува проблем, поради што настануваат конфликтни ситуации, итн. Честа причина за тоа е борбата на децата за родителската љубов и внимание“ - истакнува Александра во разговорот.

ПОВЕЌЕ НА ХАШТАГ.МК