„Сè уште е тешко да му објаснам на син ми, дете со попреченост, зошто децата навредуваат и се лоши и кој ги учи така“: Психолог Радмила Цветковска за насилството врз деца со попреченост

Добивај вести на Viber

Физичко насилство и злоупотреба

Комитетот за заштита на правата на децата дефинираше „телесно“ или „физичко  казнување. Ова претставува користење на физичка сила со цел да се предизвика одреден степен на болка или непријатност, колку и да е мала.

Сексуална злоупотреба
Поттикнување или присила на дете да се ангажира во каква било незаконска или психолошки штетна сексуална активност;Употреба на деца во комерцијална сексуална експлоатација;Употребата на деца во аудио или визуелни слики за детска сексуална злоупотреба.

Емоционално насилство
Нефизички, непријателски или отфрлувачки постапки спрема детето-омаловажување,обвинување,оцрнување,заканување, застрашување,ограничување на движењето,дискриминирање,исмејувње.

Запоставување на детето
Небрижност, негрижа или пропуст  на родителот /старателот да му пружи и обезбеди развој на детето во сите сфери: здравје, образование,емоционален развој, храна,сместување и безбедни животни услови.

Експлоатација и трговија со деца
Тое е искористување на детето за работа или за други активности, а во корист на други лица. Може да биде во рамки на трговијата со деца или како самостоен облик на злоупотреба на детето.

Насилство преку интернет = сајбер насилство или сајбербулинг (Cyberbullying)
Може да го прават познати (другари, пријатели, познаници), непознати лица, лица кои лажно се претставуваат со лажни профили. Лесно се прави, лесно се лаже, лесно се заведува и лесно се злоупотребува. Тешко се открива.Голема опасност да се стане жртва на детска порнографија, сексуална злоупотреба и трговија со луѓе

Врсничко насилство и злоупотреба
Најчеста меѓу деца на училишна возраст.Се појавува како физичко, емоционално или сексуално насилство и злоупотреба. Се повторува во подолг временски период и детето -жртва тешко може само да се справи и да се одбрани. Физичката злоупотреба е пратена и со емоционално повредување.



Претходна страна