Психолозите откриваат: Треба ли да ги носите децата на гробишта и погреби?

Од која возраст децата ја разбираат смртта?

Смртта на близок член на семејството или пријател секогаш е шокантен настан, без разлика на која возраст сме. Во такви ситуации, родителите се соочуваат со прашањето дали децата треба да присуствуваат на погребот.

На таа одлука, секако, влијае возраста и емотивната зрелост на детето, како и блискоста на детето со починатата личност.

Психологот за деца Лаура Маркам во своето интервју за порталот „Mom“ даде неколку совети за тоа како треба да постапат родителите кои ќе се најдат во ваква ситуација.

Мали деца

Малите деца или бебињата нема да го разберат случувањето и попаметно би било да не ги носите со себе. Кога се во прашање малку постарите деца кои се свесни за смртта на блиската личност, неопходно е пред погребот да поразговарате со нив.

„На децата на предучилишна воразраст погребот брзо ќе им здодее, затоа треба да бидете подготвени да ги однесете дома веднаш кога ќе забележите промена во расположението“ - рече Маркам.

Деца на предучилишна возраст

Децата почнуваат да го разбираат концептот смрт помеѓу третата и шестата година. Сепак на таа возраст не сфаќаат дека смртта е последна и се случува да прашаат кога починатата личност ќе се „врати“.

Дури и да ја видат личноста во ковчек, нема во потполност да разберат што се случува. Психологот за деца ве советува да не ги носите деца со себе на погреб само за подобро да го разберот концептот смрт. Тоа може само да ги уплаши или збуни.

„Да го видат лешот на саканата личност може да биде многу застрашувачки. Не би требало да ги присилувате децата да пријдат до отворениот ковчег“ - предупредува Маркам.

Деца на училишна возраст

Околу седмата година децата го сфаќаат постоењето на смртта. Дете на училишна возраст е доволно големо за да присуствува на погреб, секако доколку сака. Маркам ги советува родителите да му дадат избор на детето.

Кога ќе ги сретнат пријателите или семејството на погреб, тоа може да биде извор на утеха за некои деца. Доколку детето остане само дома, веројатно би се чувствувало осамено или огорчено зошто не може да присуствува на погребот.

Тинејџери

Тинејџерите се доволно зрели за да присуствуваат на погреб, но во некои случаи може да се случи да се откажат од одењето. На децата во пубертет тешко им е тешко да ги покажат своите емоции пред другите, затоа може да ги исплаши помислата на тоа дека ќе плачат пред целото семејство.

Задолжително разговарајте со своето дете за вистинските причини поради кои не сака да оди и објаснете му зошто погребот може да влијае добро на нивните збунети емоции.

Помогнете му на детето да донесе одлука

Не е доволно само да го прашате детето дали сака да присуствува на погребот. Мора да му помогнете во донесувањето на одлуката, а тоа може да го направите на неколку начини. Обајснете му што точно се случува. Доколку одите на погреб со отворен ковчег дајте му до знаење дека не мора да пријде, доколку не го сака тоа.

Доколку е во прашање погреб на личност од друга вероисповед, мора малку да му ги објасните поинаквите обичаи, секако, соодветно на возраста на вашето дете.

Извор: телеграф.рс