Психолозите велат дека белата постелнина не е добра за спиење, а еве зошто

Нема куќа без бела постелнина, а тоа всушност не е добар избор за вашата спална соба

Веќе е познато дека боите со кои сме опкружени се важни за нашата психа, а исто така е докажано дека е важно која боја е добра за создавање на совршена средина за спиење.

Познато е дека бојата на ѕидовите ќе влијае на квалитетот на сонот, а помалку луѓе знаат дека бојата на постелнината е подеднакво важна за добар ноќен одмор.

А белиот лен, иако го има во секоја куќа, не е добар избор.


Зошто никогаш не треба да користите бела постелнина?

Иако многу студии сугерираат дека неутралните бои се најдобри за домот, експертот за спиење Дороти Чемберс вели дека спротивното е точно кога станува збор за постелнината.

- Кога зборуваме за постелнини, најдобри нијанси се жолтата, портокаловата, црвената и црната. Избегнувајте бела и светло сина постелнина - вели таа. Се смета дека овие бои влијаат на нивото на мелатонин, хормон кој се лачи во текот на ноќта. Овие бои можат да влијаат и на циклусот сон-будење.

- Пред да ја преуредите спалната соба, размислете не само како бојата ќе изгледа на ѕидот, туку и како таа ќе влијае на вас - додава Дороти.

Невропсихологот Александар Бургместер има сличен став.

- Иако ткаенината и квалитетот на постелнината се важни, исто така и бојата е важна за добар сон. Најдобро е да користите постелнина со потемна боја за подобар сон - вели Бургместер.

Тој препорачува користење на еден од најпопуларните трендови и тврди дека сивата и темнозелената постелнина се одлични алтернативи за подобрување на навиките за спиење.

Бургместер забележува дека екстремно светлите нијанси на постелнина често го нарушуваат сонот бидејќи можат да предизвикаат замор на очите додека се релаксирате, па затоа е подобро да изберете неутрални бои кои нема негативно да влијаат на вашиот сон.