Публиката навредена - Северина на настап во тренерки: Немав што друго да облечам, локалните политичари се спротиставија на мојот моден избор

фото:instagram printscreen

Северина во понеделникот вечерта одржа концерт во Брчко, а на сцената се појави во тренерка, што предизвика лавина негативни коментари. По концертот, пејачката на Инстаграм објави серија фотографии од настапот, но нејзината објава наиде на критики од нејзините следбеници.

По што објасни дека нејзиниот план бил да настапи со својот тим во сина и жолта боја - боите на знамињата на Украина и Босна и Херцеговина, но како што рече, „локалните политичари“ се спротивставиле. Поради тоа таа на сцената излезе во беж тренерка.


Дилемата - дали станува збор за естетски или политички проблем, ја појасни Северина во следната објава.

- Конечно можам еднаш да потврдам дека некои гласини за мене се вистинити. Така, признавам дека во Брчко настапував во тренерки во неутрални бои (а според некои ја навредив публиката), а причината за тоа е токму тоа со облеката да не навредам дел од публиката, според локалните политичари. Така, за настапот во Брчко, за цел бенд сошивме тренерки во боите на БиХ и украинското знаме. Политичкото раководство на округот беше толку исплашено што заборави дека знамето на нивната земја е во бојата како и нападната Украина. Па, се случи „БИХ - не БИХ“ и заврши со „не Би(Х)“.  И единственото нешто што го имав за да се пресоблечам беше тренерката во која патував. Дека се што ви кажувам е точно, потврдуваат и приложените фотографии.Во секој случај, извинување до публиката... Слава на Украина! Да живее Босна и Херцеговина и сите луѓе со добра волја во неа – напиша Северина и објави фотографии на кои таа и членовите на бендот се во сини тренерки со жолти детали, во кои не им дозволиле да настапат.



извор:pink.rs/vjesti.me