Пукна тиквата: Дарко Лазиќ и Барбара не се повеќе заедно, еве зошто

Пејачот Дарко Лазиќ е уапсен откако направил неколку прекршоци, а непосредно пред скандалот пејачот изјавил дека врската со неговата девојка Барбара Бобак завршила, а пејачката го потврди тоа.

- Точно е дека јас и Дарко не сме повеќе во врска, во која бевме до неодамна. Моментално сме на одреден тип на пауза и би излажала ако го наречам тоа со друго име, бидејќи ниту еден од нас не знае што ќе се случува во следниот период, ниту какви одлуки ќе донесеме. Она што ве замолувам да го направите е да не барате од мене да одговарам на прашања кои ни самата не ги знам, а мислам конкретно за синоќа. Ниту сум била со Дарко, ниту сме се слушнале, апсолутно не знам што се случило. И затоа ќе ве замолам да ми дадете малку простор. Ви благодариме на разбирањето – изјави Барбара за Курир.

Да потсетиме, на Дарко Лазиќ му е одредена мерка притвор, а најверојатно во текот на денот ќе биде одведен од полициската ќелија кај судија за прекршоци.

Пејачот е приведен утрово околу 4 часот на автопатот во Нов Белград.

Приведен е поради пребрзо возење, возел 117 километри на час на место каде максимално дозволената е 80 километри на час.

Тестот покажал дека е позитивен на кокаин и му биле измерени 0,91 промили алкохол во организмот.

Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола од 18 декември 2013 година. 


Фото: Youtube - Printscreen