Работи кои не ги знаете за Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Таа е прва дама на Америка која со својот изглед и стил ги полни насловните страни и  повторно изненадува со својата грациозна појава. Ви претставуваме неколку работи кои не сте ги знаеле за Меланија Трамп.

-Моминското презиме на Меланија е Кнаус, родена во Југославија , Словенија, а на само 5 години прв пат прошетала по модната писта


-Во светот на манекенството влегла со помош на мајка си која во далечната 1977 година имала своја модна линија, па малата Меланија била едно од заштитните лица.

-Меланија е втора жена во историјата на САД која станала прва дама а да не е по потекло од Америка.

-Таа е единствената прва дама која позирала гола

-Три години пред средбата со Доналд Трамп, Меланија позирала гола за француски машки магазини


-Првата дама на Америка својот сопруг го запознала на една модна ревија

-Таа средба била многу поразувачка за Доналд. И покрај неговите обиди да ја повика на состанок, Меланија одбила да му го даде својот тел.број.

-Прекинала студии по архитектура на Универзитетот во Љубљана за да му се посвети на моделингот.

-Европска слава стекнала и во Италија и во Франција, па само неколку години подоцна стана и сопственичка на една модна агенција.

-Според традицијата тајното име на првата дама мора да почнува со првата буква на тајното име на нејзиното сопруг

-Бидејќи тајното име на Доналд е Могул, убавата словенка го носи прекарот Муза

-Меланија покрај сестрата Инес, има полубрат од првиот брак на нејзиниот татко кој никогаш не го запознала.


-Венчаницата на Меланија чинела 200 000 долари, во прашање е модел на Диор кој го изработувале преку 1 000 часа

-Сите високи претставници на Холивуд биле дел од луксузната прослава


-Покрај мајчиниот Словенски, Меланија зборува и Англиски, Француски, Германски и Италијански. Се подразбира нејзиното познавање на Српско-Хрватски јазик.

-Меланија никогаш немала дадилка. И покрај гламурозниот начин на живот, таа била одличен родител. Сметала дека за растење на својот син Барон било важно да има соодветно родителско внимание и грижа. „Имам готвач и личен асистент и тоа е тоа“, изјавила при една прилика госпоѓа Трамп.