Рацете ми беа како колкови: Тијана Дапчевиќ откри како ослабнала 45 килограми - еве што јаде секој ден

Добивај вести на Viber

Пејачката Тијана Дапчевиќ го сподели своето искуство поврзано со намалувањето на килограмите кои ги добила за време на бременоста...

Тијана раскажа дека во периодот кога била бремена се поправила 45 килограми и дека пред породувањето имала 115 килограми. Таа додаде дека глад чувствувала речиси 24 часа на ден и дека често конзумирала нездрава храна.

„Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како колкови. Тогаш решив да направам нешто по тоа прашање. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека мене не ми треба никаква диета, туку промена на начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот диета. Тогаш мислиме само за храна и за тоа што да јадеме, а што не смееме“ - кажа пејачката за „Хит Информер“.

Тијана, како што наведува, денот го започнува со овесни снегулки со чај и црвено овошје, за ручек обично јаде мисиркино месо со зеленчук, а за вечера морски бас или морска салата.

„Имав криза на почетокот, но давав сѐ од себе да издржам. Сите треба да се храниме без шеќери, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната килажа, меѓутоа, како и останатите жени и јас често се опуштам, па и се дебелаам“ - рече Тијана, чија цел е да ослабне уште 9 килограми.