Радица, Натали и нивната мајка Илина, цел живот дами со стил: Семејно на роденденски ручек

Добивај вести на Viber

Некогашната манекенка и модел, денес доктор на науки, субспецијалистот Радица Грубовиќ Растворчева, ужива во друштво на нејзиното потесно семејство.

Поводот за семејната седенка е роденденот на нејзиниот сопруг Алексеј Растворчев, кој го прославиле во ресторан во црногорскиот град Беране.

На роденденскиот ручек присуствувала и нејзината постара сестра Натали, заедно со ќерката која го носи истото име, Натали, и нивната мајка.

„Среќен роденден, љубов моја“, напиша Радица на фотографиите.

Пред неколку денови Радица на нејзиниот профил на Фејсбук објави фотографии од нивниот летен одмор, а како дестинација се одлучиле да биде Херцег Нови.

Црна Гора беше летна дестинација и за нејзината сестра Натали, која исто така семејно летуваше во Порто Монтенегро.

Инаку, Натали осум години е во брак со бизнисменот Дрен Глушац и заедно живеат во Нови Сад.

Фото: Фејсбук
Г.Д.Г

„Моите најмили“ - Целото семејство на едно место: Радица Грубовиќ Растворчева ужива со најблиските во Франција (ФОТО)

Натали Грубовиќ со ќерката и сопругот на одмор: Поранешната бинго-девојка остана доследна на својот стил