Ракот на дојка однесе уште една жртва, моја врсничка: Лила порачува – „Редовните прегледи се најважни и не оставајте ништо за утре“
Во март минатата година, познатата македонска водителка сподели со јавноста дека успешно го победила ракот на дојка. Од тогаш кога се зборува на оваа тема, Лила секогаш ги препорачува редовните прегледи за навремено откривање на канцерот.
Смртта на познатата холивудска актерка, која беше миленик на тинејџерите во 90-тите Шенон Доерти ја поттикна Лила да сподели емотивна објава, но и да ги поттикне жените редовно да прават прегледи на дојките.
„Ракот на дојка однесе уште една жртва. Славна, богата и омилена. Моја врсничка. Шенон Доерти не успеа во оваа битка за жал. Само потсетување, редовните прегледи се најважни и не оставајте ништо за утре. Избегнувајте стресови зошто ништо не е поважно од мирот и вашето здравје“, напиша Лила на објавата.
Лила минатата година со фотографија на која е со кратка коса изјави дека канцерот и го сменил животот, но не и нејзината вредност.
„Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот НЕ Е НЕПОБЕДЛИВ!!! Јас сум доказ!!!“, напиша тогаш Лила.
Фото: Инстаграм