Рамстор Македонија - Успешна компанија со еднакви можности
Рамсторе Македонија, своите вработени ги прифаќа како едно големо семејство, вложува во поединечен и професионален развој на сите вработени пружајќи им еднакви можности, инвестира во нивната иднина и се посветува кон создавање на безбедна и здрава работна средина.
Рамстор, како компанија која во текот на 17-те години од своето основање до денес, претставува пионер во голем број успешни практики во малопродажниот сектор во Македонија, исто така ја задржува лидерската позиција и во однос на еднаквоста на можностите преку стапката на вработени жени од 67%, заедно со динамичната и партиципативна работна средина која ја создава.
Претставниците на компанијата истакнаа дека просечната возраст на вработените изнесува 35 години, и дека ова им ја дава младешката енергија потребна за успешно работење во динамичниот и конкурентен сектор, како и дека се особено горди што 40% од вработените на менаџерски позиции се припаднички на женскиот пол.
Посебно сме горди што на чело на нашата компанија стои успешна и моќна дама како Г-ѓа Даниела Адемоска, која секојдневно не поддржува и мотивира да бидеме силни и успешни водејќи се од нејзината девиза дека “поддршката меѓу жените во бизнисот треба да е составен дел од бизнис-културата и дополнителен поттик за кариерниот развој на секој поединец”.
Според Адемоска, тајната на долгорочниот успех е дека ”ако знаете што сакате, ќе најдете начин како да го остварите тоа”.
Рамстор Македонија, која остварува големи успеси во малопродажниот сектор, им го честита (8ми Март) овој посебен ден на сите жени, истакнувајќи дека една од основните причини за растот, развојот и успехот на компанијата се трудот и поддршката на женскиот персонал.