Разговор со Ирена Спировска: Животното осигурување го сметам за инвестиција во посигурна и побезбедна иднина

Добивај вести на Viber

Купувањето полиса за осигурување е одлука која треба да се донесе правилно, во поглед на тоа на која компанија за осигурување ќе и се даде довербата. На овој чекор се одлучи и познатата водителка Ирена Спировска.

Со неа разговаравме за тоа како ја донела оваа одлука, што влијаело за носење на истата, како се одлучила на која компанија да ѝ ја даде довербата, но и кои други осигурителни пакети ги користи.

* Што најмногу влијаеше на донесувањето одлука за купување полиса за осигурување?

Денес сите живееме во многу неизвесно и стресно време,што неминовно се одразува на квалитетот на нашите животи, врз вкупната благосостојба на секој поединец, а за жал и на нашето здравје. Животното осигурување го сметам за инвестиција во посигурна и побезбедна иднина која пред сè им ја должиме на нашите деца, а секако и на самите себе. Животното осигурување е влог кој секој треба да го направи. Пред сè за сигурноста сега, но и како заштеда за во иднина. Обезбедувањето животно осигурување значи вистинско вреднување на она што ви најмногу значи.

* Вие ја избравте Кроација осигурување како Ваш партнер за животно осигурување. Зошто токму оваа компанија? 

Кроација осигурување долги години е лидер на нашиот пазар за животно осигурување, тој континуитет практично е и гарант за сигурност, професионалност и одговорен однос кон клиентите како и квалитет на услугите кои ги добиваме како корисници на осигурителните полиси токму на оваа компанија. Искуството, експертизата и доследноста на целта, да ми ја понудат најдобрата опција. Тоа беше пресудно мојот избор да биде Кроација осигурување. 

* Покрај за Вас,имате купено полиса и за Вашето дете. Може ли да ни кажете нешто повеќе и за оваа одлука, што Ве поттикна на овој чекор?

Децата се највредното нешто во нашиот живот. Првата полиса која ја купив всушност беше токму полисата КОКО осигурување кое е наменето за најмладите со што сакав да инвестирам во иднината на своето дете. Добрите услови, поволностите и дополнителните вредности што ги добивме беа причина за овој лесен избор. Дали знаете дека дополнителна бенефиција во ова осигурување е дека Кроациа за секое дете што има одличен успех со просек минимум 4,5 од четирите години од средното образование доделува 3% плус од осигурената сума како награда за постигнатиот успех. Ова е одличен начин за стимулирање и поттикнување на децата за повисоки достигнувања и подобар успех во средно образование. Откако тоа го обезбедив, потоа неминовно следеше и вториот чекор, да се осигурам и самата себеси со полиса за животно осигурување. 

* Кои се предностите и погодностите кои ги нуди Кроација осигурување кои Вам најмногу Ви се допаѓаат и воедно најчесто ги користите?

Предности и погодности има многу зависно од полисата која ја користите... За мене најзначајна е сигурноста која Кроација осигурување ми ја нуди, ранспарентноста во работата и високата професионалност. Како што кажав, поволностите на продуктите што ги нудат се една работа, но начинот на кој пристапуваат кон вас и вашите потреби, ангажираноста и посветеноста да создадат дополнителна вредност за она што вам ви значи, е тоа што создава трајни врски и гради доверба. Довербата во нивната работа најмногу ми значи.

* Што би им порачале на оние кои се двоумат дали имаат потреба од животно осигурување за себе или пак за своите најблиски?

Без двоумење би им порачала на сите дека купувањето животна полиса е една од најдобрите и најкорисни одлуки кои можат да ги донесат за себе си и за своите најблиски. Кога станува збор за осигурување на живот, на дете, обезбедување на иднината, создавање заштеда, тука не треба да има колебање. Осигурувањето ни го обезбедува спокојот денес и во иднина.