Разговор со Влатко Лозаноски: Со животното осигурување од Кроациа добив сигурност, спокој и безгрижност за иднината

Добивај вести на Viber

Купувањето полиса за осигурување е одлука која треба да се донесе правилно, во поглед на тоа на која компанија за осигурување ќе ѝ се даде довербата. На овој чекор веќе од пред подолг период се одлучи и еден од најмоќните вокали кај нас, Влатко Лозаноски - Лозано.

Со него разговаравме за тоа како ја донел оваа одлука, што влијаело за носење на истата, како се одлучил на која компанија да ѝ ја даде довербата, но и кои други осигурителни пакети ги користи.

·  Една од работите што ги поседувате е полиса за животно осигурување, што претставува животното осигурување за Вас? 

Сигурност, спокој, мир и безгрижност за иднината. Искажано со само неколку зборови кои го содржат сето она што ни е потребно. Никој не може да предвиди што носи животот, неизвесен е секој ден и непредвидлив е во секој можен аспект. Затоа, на сите нас ни се потребни не како зборови, туку како дела што ни го овозможуваат ова чувство на заштита и сигурност. А тоа дело е стекнување со животно осигурување што нуди заштита денес и ја обезбедува иднината со заштеда. Затоа се одлучив на овој чекор и веќе подолг период поседувам полиса за животно осигурување.

·  Дали некоја посебна причина или повод Ве натера да размислувате за полиса за животно осигурување?

Со оглед на тоа дека оваа полиса ја поседувам подолго време, од денешен аспект би рекол дека тоа беше потрагата и потребата за поквалитетен живот и секојдневие во кое можам да бидам спокоен. Можеби тоа беше неизвесноста и стресот, или пак можеби потребата да се инвестира во сигурна и безбедна иднина, но денес знам дека осигурувањето на животот ми донесе благосостојба и предности за кои не бев свесен на почетокот. Освен што ми ги тргна грижите и немирот, уште ме натера да размислувам за иднината, за обезбедена и безгрижна иднина. Барањето и гаранцијата за што поспокоен живот и иднина, беа пресудни да си го осигурам животот.

·  Безбедноста, сигурноста и спокојот, им ги доверивте на Кроациа осигурување, што беше одлучувачки за овој избор?

Лесен е изборот кога барате квалитет, достапност, кога имате компанија со децениско меѓународно искуство и традиција на изградена доверба кај граѓаните. Постојаноста на домашниот пазар и лидерската позиција како синоними, беа првите причини да се потпрам на Кроациа осигурување. Но понатаму, како што веќе кажав дека со години ја имаат мојата доверба, гледајќи со каков ентузијазам и посветеност се однесуваат кон секој клиент и какви вредности застапуваат, ме убедија дека сум направил правилен избор. Дополнително, нивната понуда за полиса за животно осигурување се покажа како најповолна и со најмногу предности, што, исто така, ми беше важно.

·  Освен животната полиса, што друго добивате од Кроациа осигурување?

Пред сè можност да се радувам на животот. Но, освен тоа и заштедата, добив и можност преку инвестирање во инвестициски фонд да добијам и дополнителна, оплодена сума. Тоа е животно осигурување со можност за дополнителна заработка преку инвестициски фондови. Еден од предводниците кај нас за овој тип осигурување е Кроациа, затоа што компанијата има воспоставено соработка со неколку докажани инвестициски фондови.

·  Дали потребата од животното осигурување би ја поврзале со возраста или со животната преокупација?

Со возраста дефинитивно не, може дури и спротивно на тоа. Како што веќе кажав, спокојот и безгрижноста за иднината ни се потребни на сите за да уживаме во животот денес, а плус со дополнителните придобивки односно штедната компонента на полисата за животно осигурување од Кроациа, дури и би ја препорачал што порано тоа подобро. Со животната полиса сега, акумулирате средства кои како вредна заштеда може да ја искористите во пензионерските денови. Мојата професија ми овозможува да комуницирам на дневна основа со пријатели од разни земји, и сум забележал дека кај сите преовладува истата потреба од чувство на заштитеност и сигурност, а животното осигурување е единствениот начин да се достигне. Буквално секој може да го пронајде спокојот и безгрижноста на денешниот живот. И затоа треба да се искористат поволностите кои ги нуди животното осигурување.

·  Која би била Вашата порака за граѓаните во однос на одлуката и изборот на осигурување?

Пред сè, на сите топло им препорачувам да размислат за животно осигурување, да ги разгледаат сите предности, за себе и за семејството. Исто така, да ги погледнат понудите на Кроациа осигурување, затоа што освен основната полиса за животно осигурување, може да се заштитат и од дополнителни ризици кои ги носи секојдневниот живот. Се е тука пред вас, потребно е само да го направите првиот чекор и ќе ги видите сите поволности од животното осигурување.