Разликата од 17 години сè повидлива: Амал на 44 изгледа како девојче, а Џорџ почнува да личи како да е нејзиниот татко

Добивај вести на Viber

Џорџ Клуни стана целосно сив во косата

Џорџ Клуни долго време владее на листите за најпосакувани мажи во Холивуд. Уште во помладите денови, седата коса му давала посебен шарм, а по него лудувале и неговите обожавателки, но и колешките, особено затоа што долго време зборуваше дека нема намера да се жени и се чинеше дека неговото срце е непробојна тврдина.

Меѓутоа, тоа се променило кога ја запознал жената на својот живот, 17 години помладата адвокатка Амал Аламудин. Двојката за прв пат се запознала во 2013 година во куќата на Џорџ на езерото Комо во Италија, каде Амал ја донел заеднички пријател, а непробојниот заводник брзо се вљубил.

На првиот состанок отишле во октомври истата година, а веќе во април следната година Џорџ клекнал на колена пред убавата адвокатка и ја запросил. Во септември 2014 година, двојката се венча токму на езерото Комо и добија две деца, близнаците Александар и Ела, кои ги држат подалеку од очите на јавноста. 

Иако Џорџ не крие дека е многу среќен во љубовта, се гледа дека годините го стигнуваат, а нема сомнеж дека дополнително го изморило и татковството во 50-тите.

Се почести се коментарите дека впечатливиот актер остарел, а разликата од 17 години меѓу него и сопругата е се‘ повидлива.

Двојката деновиве беше фотографирана на романтичен состанок и додека Амал изгледа помлада од нејзините 44 години, Џорџ покажува дека зачекорил во седмата деценија од својот живот. 

Неговата некогаш побелена коса сега е бела, а исто така и неговата брада, која престана да ја бричи. Дополнително, иако беше насмеан и, судејќи по фотографиите, добро се забавуваше, на лицето му се гледа замор кој тешко се сокрива. 

Иако парот порано ретко излегуваше, во последно време сè почесто почнаа да пристигнуваат фотографии од нивните јавни собири, а неодамна беа фотографирани на вечера со семејството во луксузен ресторан. 

По тој повод, многумина беа изненадени што со нив беше и постарата сестра на актерот, Аделија, за која долго време се шпекулираше дека не е во добри односи со нејзиниот славен брат, но се чини дека „секирата“ конечно е закопана. Имено, Ада пред пријателите и новинарите често им откривала детали за неговиот живот, што многу го налутило актерот.


Фото: Профимедиа

Близнаците пораснаа, Џорџ старее, Амал не престанува да воодушевува: Вака семејството Клуни го поминува одморот во Италија (ФОТО)