Размислувате за иднината на вашиот средношколец? Има начин како вашето дете може да стане дел од професионалниот свет уште во средно
Од училишните клупи до напредни ИТ вештини, претприемачки начин на размислување и прва заработка. NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ) го овозможува токму ова за вашите средношколци и е вистинската адреса за вас.
Едукативно-технолошкиот центар Бреинстер го прошири своето богато портфолио и понуди поинакво образовно искуство и за средношколците со цел да ги поттикне нивните потенцијали. NU Колеџот ги води средношколците кон нивната идна професионална кариера преку уникатни програми кои комбинираат вештачка интелигенција (AI) во три клучни области: Веб програмирање, Графички дизајн и Инфлуенсер маркетинг.
Програмите на NU Колеџ се шестмесечни и претставуваат воншколска активност. Што значи тоа?
Учениците посетуваат интерактивни работилници двапати во неделата после часови. Избираат дали сакаат да учат од училница или онлајн. А придобивките што ги имаат од изучување на некоја од програмите се повеќе: се стекнуваат со практични вештини преку работа на реални проекти, истражуваат потенцијално поле за понатамошни студии и кариера и добиваат кредити според Европскиот кредит трансфер систем.
Пред во детали да претставиме што нудат програмите на NU Колеџ, сите заинтересирани родители кои сакаат нивните деца подготвено да го продолжат својот академски и кариерен пат, можат да се пријават за советување со Петар Ниновски, основачот на Бреинстер и на NU Колеџот за средношколци. Онлајн советувањето е закажано за 21 ноември, четврток. Регистрацијата можете да ја направите на следниов линк https://nucollege.ai/sovetuvanje-za-roditeli/, а местата се ограничени.
Што нуди секоја од програмите
Обединувачки за сите три програми е дека се базирани на 80% практична работа на проекти. Водени од искусни ментори, по принципот „креирај, па учи“, учениците работат на вистински проекти за вистински клиенти и се стекнуваат со знаење што директно го применуваат. Тоа ќе им даде самодоверба, чувство како функционира пазарот на труд и искуство што ќе можат да го применат веднаш по завршување на средното училиште при изборот на факултет или идна професионална кариера.
Сите програми се внимателно осмислени и целосно одговараат на возраста на учениците и пред сè на реална анализа за динамиката на пазарот на труд според која постои голем интерес за кадри специјализирани во овие области.
Веб програмирање со AI
Програмата за Веб програмирање со AI е составена од шест модули кои постепено ги воведуваат учениците во развојот на веб-страница и во претприемништвото. Започнува со основите на HTML и CSS, каде што учениците креираат свои статични веб-страници, учат за клиент-сервер архитектурата и поставуваат свои проекти онлајн. Потоа, со JavaScript додаваат интерактивност на тие веб-страници. Со Firebase, учениците учат како да интегрираат автентикација на корисници и складирање на податоци. Во следниот модул, се преминува на React.js, каде што се изработуваат модерни веб-апликации со напредни функционалности.
Покрај стекнувањето на технички вештини, последните два модули ги подготвуваат учениците своите идеи да ги претвораат во бизнис, да креираат прототип и да развиваат стратегии за лансирање на своите продукти и привлекување на клиенти и идни работодавачи.
Графички дизајн со AI
Програмата за Графички дизајн низ девет модули ги води учениците од креативно размислување до стекнување на напредни техники за дизајн и за претприемништво. На почетокот, учениците се запознаваат со основните принципи на дизајнот, учат како да користат AI алатки за генерирање на дигитални дизајни и ги развиваат своите практични вештини преку креирање на дизајни, логоа, постери и слично, како и содржина за социјални медиуми и други дигитални платформи. Накратко, преку овие модули учениците ќе бидат подготвени да создадат комплетен бренд идентитет преку визуелно раскажување приказни.
Во завршните модули на програмата графички дизајн, учениците учат како да заработуваат од своите креативни идеи, развиваат бизнис и маркетинг планови и градат искуство за презентирање на бизнис идеи пред потенцијални клиенти или агенции.
Инфлуенсер маркетинг со AI
Во првите модули од програмата за Инфлуенсер маркетинг, студентите се запознаваат со креативно и стратешко размислување и учат како да создаваат содржини, како да ги пласираат на соодветните платформи и како тие содржини да одговараат на потребите на целната публика. Потоа, учениците се запознаваат со можностите на вештачката интелигенција и совладуваат техники за генерирање на дигитални содржини со AI алатки.
Во следните модули, студентите се фокусираат на креирање креативни мултимедијални дигитални содржини за кампањи на социјалните мрежи и учат како да ги дистрибуираат и да ангажираат што поголема публика. Програмата исто така опфаќа развој на бренд идентитет во дигиталниот свет преку совладување на техники за развој на личен и корпоративен производ.
Во завршните модули, учениците учат како да градат успешни соработки, да развиваат ефективни стратегии и кампањи и да развијат бизнис и маркетинг планови за привлекување на клиенти и остварување на заработка.
Доколку сте заинтересирани за оваа уникатна можност за вашите средношколци, пријавете ги на листата на чекање преку официјалната веб-страница nucollege.ai. За дополнителни информации можете да се обратите на е-пошта на NU Колеџот ask@nucollege.ai или да закажете инфо-средба на 071 333 540 за подетални прашања.
Трите програмите на NU Колеџот се достапни за сите средношколци од прва до четврта година. За првата генерација на NU отворени се само 150 места. Уписите се во тек до декември, а програмите започнуваат од јануари по завршување на зимскиот распуст.
ПР објава