Реалност, фотошоп, Инстаграм филтри: Дали е возможно? Обри О'Деј ги збуни сите

Добивај вести на Viber

Обри О’Деј е сосема поинаква на Инстаграм, отколку на реални, папарацо фотографии, за што сведочат и нејзините најнови фотографии од Палм Спрингс.

Обри О’Деј е познато американско телевизиско лице и пејачка, се прослави како член на женскиот бенд Денити Кејн, а популарна е и на Инстаграм каде ја следат 943 илјади луѓе и каде најчесто објавува разголени фотографии во провокативни пози.

Сепак, многумина се прашуваат како е тоа можно затоа што Обри деновиве беше фотографирана во сосема поинакво издание отколку што се претставува на социјалните мрежи. Покрај тоа, таа изгледа како сосема друга личност додека шеташе со своите кучиња во Палм Спрингс, Калифорнија.

Уште почудно е што 36-годишната Обри беше фатена во јавноста само две недели откако објави оглас за апликација за вежбање и се пофали со резултатите.

„Едвај чекам да видам напредок додека продолжувам да тренирам“, рече таа во објавеното видео што го сподели со следбениците. Ништо не го надминува тренингот во базен, но со ова можам да вежбам каде и да сакам, во кое било време.

На најновите фотографии, веројатно никој не би можел да ја препознае доколку не беа нејзините јасно видливи тетоважи на колкот и вратот. Затоа многумина се прашуваат кога всушност се направени фотографиите што ги објавува на Интернет, затоа што на 15 јули таа објави серија фотографии на кои позира во бикини.

Откако фотографиите од папараците протекоа во јавноста, Обри објави нова фотографија на социјалните мрежи каде позира во син костим за капење, а во реалноста не личи на себе.

Нејзините обожаватели веќе шпекулираат за нејзината промена на изгледот низ годините, но во едно интервју Обри призна дека знае многу трикови со чија помош изгледа поинаку.

"Ставив филери и инјектирав ботокс. Ги знам сите трикови и ги користам", рече таа за Us Weekly минатата година, но негираше дека правела пластична операција.

Во 2012 година таа беше поврзувана со Доналд Трамп јуниор со кого наводно имала афера додека тој веќе бил во брак со Ванеса Трамп, а во 2017 година, Обри била во врска со диџејката Поли Ди.

Патем, Обри е сè уште активен член на групата Денити Кејн која се обедини во 2018 година.

извор: dnevnik.hr