(Рецепт) Супер ужина: Превкусни чоколадни палачинки
Брзо и лесно се подготвуваат, омилени се кај децата. Згответе ги и уживајте со семејството во вкусот чоколадните палачинки.
Потребни намирници:
- 1 чаша брашно
- 2 јајца
- 1 чаша млеко
- 50 грама путер
- 60 грама шеќер
-1 ванилин шеќер
-4 лажици какао во прав
- прашок за пециво
-малку сол
Тестото за овие палачинки е прилично густо бидејќи ова се американски
палачинки за кои не ви треба масло. Количината на шеќер во рецептот може
да ја прилагодите, а може да додадете и цимет.
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете ¾ чаша млеко и додајде јајца, шеќер, ванила,
пециво, брашно и какао.
Измешајте темелно додека сите состојки не се соединат.
Останатото млеко загрејте го и додајте путер. Кога путерот ќе се стопи,
ставете го во тестото и внимателно мешајте.
Кога ја загревате тавата предлагаме да изберете средна температура. Со
голема лажица ставете го тестото во тава и пржете ги палачинките од
двете страни додека не добијат убава златна боја.
Готовите палачинки може да ги послужите со различно овошје, ореви,
карамела и други десертни сосови.
Сервирајте по ваша желба. Бон апетит!
Можеби ќе ве интересира:
(Рецепт) Плескавици од тиквичка во рерна: Здрав и вкусен ручек!