Здравје // Рецепти
(РЕЦЕПТ) Мафини од само три состојки
Мафини со малина кои се подготвуваат брзо. Тие не содржат шеќер, а се што ви е потребно
за да ги подготвите се само три состојки.
Намирници:
- 4 јајца
- малини
- 2 банани
Подготовка:
Згмечете ги бананите, па додајте ги јајцата и убаво измешајте ја смесата.
Ставете малини ( освен свежи може да користите и смрзнати) во калапот за мафини и покријте ги со смесата од јајца и банани. Печете на 190 C додека мафините не станат кафенави.
Сервирајте и уживајте во нивниот вкус.
Бон апетит!