Цеца како девојче на концертот на Теа: Ражнатовиќ во комбинација од чија цена боли глава

Добивај вести на Viber

Една од најуспешните млади пејачки Теа Таировиќ синоќа на 21 септември го одржа својот прв од двата закажани концерти во Белградска Арена.

Атмосферата беше спектакуларна, а посебно внимание привлече балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ која пристигна половина час пред почетокот на концертот.

Цеца дојде во придружба на нејзиниот ПР и фризер, а за оваа прилика избра сив костум, под кој носеше бела маичка на прерамки.

Во необичниот избор за неа, наместо штикли, таа се одлучи за удобни патики кои дополнително го истакнаа нејзиниот опуштен стил.

На страницата на Инстаграм брзо се појавија детали за стајлингот на Цеца, вклучувајќи ги и цените на секое парче.

View this post on Instagram

A post shared by CECA RAŽNATOVIĆ (@stylebyceca)



Цеца носеше блејзер од Ив Сен Лоран во вредност од 1.697 евра, панталони од истиот бренд во вредност од 950 евра, патики од Адидас во вредност од 200 евра и чанта Шанел во вредност од 6.168 евра.

Севкупно, стајлингот на Цеца за овој концерт изнесува импресивни 9.015 евра. Овој гламурозен изглед уште еднаш ја потврдува Цеца како една од најстилските јавни личности на српската сцена.

View this post on Instagram

A post shared by @cecaraznatovicthebest



Да потсетиме, Цеца синоќа одлично се забавуваше, а во еден момент ја сними и преполната Арена, но и нејзината помлада колешка Теа Таировиќ која доминира на сцената!

- Браво Теа - и порача Ражнатовиќ со емоџи со ракоплескање раце и црвено срце, пренесува Телеграф.

ФОТО: Инстаграм