(РЕЦЕПТ) Пита од стар леб: Штедливо и вкусно јадење што целото семејство ќе го обожава
Состојки:
стар леб 600 гр
јогурт 400 мл
павлака 400 мл
јајца 4
шунка 150 гр
сирење 150 гр
сол по вкус
сусам по желба
путер 20 гр
Подготовка:
Исечете го лебот на коцки. Ставете малку маслиново масло или путер на дното на садот за печење, а потоа наредете половина од сецканиот леб.
Изматете ја павлаката, јогуртот и јајцата, додадете сол по вкус и натопете го лебот со половина од филот. Наредете ја ситно исечканата шунка над филот, па ренданото сирење.
Ставете го остатокот од лебот и прелијте го со остатокот од фил. Внимателно измешајте го филот во лебот со вилушка за убаво да се впие. Оставете да отстои околу половина час за лебот да го апсорбира филот. Посипете семе од сусам и исечкан путер врз питата. Печете во загреана рерна на 200 степени, додека не порумени.
Добар апетит!фото: Shutterstock
Највкусните ситни колачи за слава: Жените ги чуваат овие рецепти како богатство