Речиси сам се прави: Рецепт за наједноставниот појадок - готов за 5 минути

Добивај вести на Viber

Едноставен, брз и вкусен појадок, нема подобра опција!

Појадокот е најважниот оброк, тоа го знаат и врапчињата на гранката.

Меѓутоа, кога ќе ги отвориме очите, честопати мразиме да подготвуваме некои комплицирани рецепти, па појадокот завршува со првото нешто што ќе го видите во фрижидерот.

Зартоа, во продолжение ви претставуваме рецепт за едноставен појадок кој ќе биде готов за само 5 минути.

Состојки:

4 тортиљи

3 јајца

сол, бибер

100 гр шунка

120 гр рендано сирење

1 домат

путер за подмачкување

Подготовка:

Намачкајте ја тавата со путер. Јајцата се матат, се посолуваат по вкус.

Истурете половина од јајцата во тавата.

Одозгора ставете ја првата тортиља, па шунката, сирењето, па тортиљата, доматот и сирењето.

Потоа ставете пак тортиља, шунката и сирењето и одозгора ставете ја четвртата и истата постапка па последна тортиља

Одозгора премачкајте ги останатите јајца, покријте ги и ставете ги на шпорет на ниска температура.

По пет минути превртете го и повторно поклопете, па пржете уште максимум пет минути.

Пријатно!


извор:GLOSSY

фото:SHUTTERSTOCK/BARMALINI