Регистрирани 44 нови случаи: Вкупниот број на заболени од КОВИД-19 достигна 329

Во изминатото деноноќие се направени 392 тестирања , а потврдени се 44 нови случаи. Од новите 44 случаи на регистрирани лица со корнавирус во земјава, најмногу односно 23 лица се од Куманово, 12 од Скопје, 2 од Тетово, 3 Битола, 2 од Струга и по еден нов регистриран случај во Штип и Прилеп, соопшти преку својот фејсбук профил првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче:

„Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп - 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје- 176
• Дебар - 47
• Куманово - 47
• Штип- 15
• Тетово - 8
• Прилеп - 10
• Струга - 7
• Велес - 6
• Битола - 4
• Охрид - 3
• Кавадарци - 2
• Гостивар - 1
• Крива Паланка - 1
• Струмица - 1
• Гевгелија - 1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања“, напиша Филипче.