Реновирана Телеком продавницата и во Гевгелија
- Попуст до 6.000 денари за купување смартфон за корисниците на Smart M и Magenta 1 M тарифите
Во Гевгелија денеска е отворена реновираната Телеком продавница, со што Македонски Телекомпродолжува со процесот на имплементирање модерен концепт на уредување на своите објекти низ Македонија. Со реновирањето на Телеком продавниците, освен новиот и атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им се нуди можност одблиску да се запознаат и да уживаат во придобивките на најдобрите услуги и решенија што ги нуди компанијата.
Како и во останатите објекти во државата и при уредувањето на внатрешноста на Телеком продавницата во Гевгелија пренесен е локалниот дух на градот. Реновираната Телеком продавница нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите, како и на останатите понуди од богатото портфолио на Македонски Телеком. Жителите на Гевгелија, но и граѓаните од останатите градови од регионот, во продавницата можат брзо и лесно да го најдат и одберат она што најмногу им одговара, за беспрекорно корисничко искуство, во согласност со концептот „Сите понуди на едно место“.
Македонски Телеком денеска, по повод отворањето на реновираната продавница во Гевгелија подготви посебно изненадување за корисниците коишто можат да купат одредени модели на смартфони со попуст и до 6.000 денари. Попустот важи за корисниците на тарифните модели Smart M и Magenta 1 M.
Од почетокот на годинава, освен во Гевгелија, отворени се реновираните Телеком продавници во Тетово, Кавадарци и Охрид. Компанијата останува фокусирана преку континуираните инвестиции да обезбедува врвно корисничко искуство, овозможувајќи им иновативни решенија и услуги со кои го поедноставува и подобрува секојдневието на граѓаните.