Револуционерни здравствени придобивки на 100% WHEY протеинот од сурутка
Во светот на суплементите малку се додатоците што привлекле толку внимание од научниците, за да бидат толку испитувани како што е протеинот од сурутка 100% WHEY. Познат по својата исклучително хранлива вредност, особено го привлeкува вниманието на спортистите. Здравствените придобивки на протеинот од сурутка се во голем број засновани на докази и истражувања, па еве дел од тие бенефити за човечкото здравје:
• Протеинот од сурутка 100% WHEY е диететски извор на висококвалитетни протеини, со сите есенцијални амино киселини неопходни за оптимално здравје. Има брза апсорпција и супериорна сварливост во однос на другите протеини. Изобилува со леуцин и е моќен катализатор за раст на мускулите и зајакнување на телото, бидејќи со стареењето природната мускулна маса се намалува и постои ризик од хронични болести. Тренингот и исхрана богата со протеин може да помогне за забавување или целосно исчезнување на негативните ефекти поврзани со стареењето. Истовремено помага и за обновување на мускулите по интензивните тренинзи.
• Регулација на крвниот притисок. Особено за луѓето со зголемен крвен притисок протеинот од сурутка со своите биоактивни пептиди, наречени лактокинини, помага за намалување на крвниот притисок и се намалува ризикот за компликации од хипертензија. Кога се конзумира со оброци богати со јаглехидрати одлично го регулира и шеќерот во крвта. Се препорачува и за луѓе што живеат со дијабет 2, бидејќи го има овој потенцијал.
• Против воспалителни болести на дебелото црево. Болестите како Кронова болест, улцеративен колитис и слични, претставуваат голем предизвик за луѓето. Неодамнешните студии покажаа дека протеинот од сурутка ги ублажува симптомите на овие хронични состојби и нуди надеж за оние што се засегнати и сакаат подобар квалитет на животот.
• Против зголемена телесна тежина. Диетите се тежок предизвик за многумина, особено за луѓето во поодминати години. Протеинот од сурутка е сојузник на оние што се борат со килограмите. Го намалува апетитот, го зголемува чувството на ситост и промовира губење на маснотии.
• Подобрена антиоксидантна одбрана. Антиоксидансите се од витално значење во борбата против оксидативниот стрес. Изненадувачки, протеинот од сурутка содржи разни антиоксидантни соединенија кои помагаат во неутрализирање на штетните слободни радикали, а со тоа придонесуваат за клеточното здравје.
• Подобрена имунолошка функција. Протеинот од сурутка преку зајакнување на производството на витални имунолошки клетки, поддржува силна одбрана од инфекции и болести.
• Здраво стареење. Благосостојбата и здравјето се исклучително битни во зрелите години, протеинот од сурутка помага да се води поактивен и поисполнет живот, поддржувајќи ја мускулната маса.
Многубројните научни истражувања им помогнаа на активните луѓе, спортистите и оние што практикуваат здрава исхрана да го запознаат подобро протеинот од сурутка HYPERLINK "https://naturatherapy.mk/index.php?route=product/product&product_id=509"100% WHEY, неговата содржина и влијание врз подобрување на здравјето на човекот. Како додаток во храната ја зацврсти својата позиција како моќен нутритиент за оптимизирање на здравствената состојба. Нарачајте го онлајн на следнава страна https://naturatherapy.mk/index.php?route=product/product&product_id=509
*Пр објава