Робин Шарма со моќна порака до жените
Прекрасна порака на еден од најпочитуваните писатели на книги за самопомош и мотивациски говорник Робин Шарма.
Тоа што си денес овде, не е случајност. Постои причина зошто го читаш ова. Ти си кралица. Владетелка со бескраен потенцијал во тебе.
Можеби тешкиот живот те натера да заборавиш на својата сила. Тагата од неостварените соништа можеби ја загуши твојата страст и твојата верба. Стрелите на љубоморните критичари можеби те натераа да ја заробиш хероината во себе.
Но, те молам знај – овој ден е нова можност. Чудо кое чека да се случи. Овој миг е прекрасен дар. Оваа минута претставува празно платно на бескрајни и неверојатни можности... Повторно да завладееш со кралството кое ти припаѓа. Да освоиш големи нови земји, чувства, смелост и човечност.
Тоа што си денес овде не е случајност. Постои причини зошто го читаш ова. Длабоко во тебе лежи подготвеноста да ги отфрлиш оковите од минатите искуства, да се воздигнеш и да го промениш погледот на остатокот од својот живот. Стани! Прегрни го своето право на единствената величественост која светот ја очекува од тебе.
Биди светло! Воочи ја убавината на иднината која можеш да ја реализираш со вистински начин на размислување, говор, однесување и создавање. Секоја минута од овој ден кој ти е дарен, ако си упорна и доследна, ќе биде почеток на твојот нов живот. Заслужуваш да бидеш свесна за својата големина.
Оттргни се од својот сегашен живот и појди кон животот кој чека да го спознаеш, јас ќе го гледам твојот сјај. Затоа што тоа е тоа што го правам јас. А цел свет ќе ја пофали твојата храброст.
Ти испраќам љубов и има бескрајна доверба во твојот сјај.