Роденденска забава во домашна атмосфера, декорации и торта со свеќички: Емилија Розман го прослави 32-от роденден

Добивај вести на Viber

Поранешната мисица и модел Емилија Розман, прослави роденден. На нејзиниот инстаграм профил објави фотографии од роденденската забава.

Розман направила забава по повод 32-от роденден во домашна атмосфера, со нејзините најблиски пријатели. За забавата да биде целосна, манекенката се погрижила и за декорацијата, па одбрала балони во потемни бои, како и роденденска торта во црвено-жолта боја.

Поранешната мисица и модел актуелна беше во 2020 година кога направи свршувачка со нејзиното тогашно момче, а потоа се венчаа. По само неколку месеци, Розман експресно се разведе.

Фото: Инстаграм