Роденденско изненадување за бабата на Елена Миленковска: Многу наликуваат една на друга (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Елена Миленковска која на јавноста ѝ е позната од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, на својот профил на Инстаграм сподели убав семеен момент.

Имено Елена и нејзиното семејство ѝ приредиле роденденско изненадување на нејзината баба Севда која наполни 80 години.

Нејзините деца- синот Максим и ќерката Миона, кои ги има од бракот со сопругот Гуте Маринковиќ, беа главна атракција на забавата.


„Мојата баба Севда наполни 80 години. Да си ни жива и здрава и секогаш вака да ти бидат полни очите со солзи од среќа! Те сакаме“ - напиша пејачката за фотографиите. 

Елена објави фотографија на која се нејзината баба, нејзината мајка, таа и нејзината ќерка- четири генарации на жени во семејството и всушност ни откри од каде ја наследила убавината.