Актуелно // Insta вести
Родители дајте нешто да смениме за поздрави идни генерации: Нутрицинонистка и мајка на дете дијабетичар за можните начини на намалување на гојзаноста кај децата
За исхраната се зборува секојдневно, а особено кога станува збор за изборот на храна кај дечињата, но и покрај тоа, за жал се почест е бројот на гојазни деца кои доколку продолжат со дебелеење се соочуваат со разни здравствени пробелми во иднина.
Токму на оваа тема се огласи нутриционист и мајка на дете со дијабет тип 1, Тања Дрвошанова од Струмица, која со својата објава се потруди да се размисли повеќе за видот на храна која ја консумираат дечињата, особено кога се на училиште.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
„Како нутриционист се почесто се среќавам со деца на училишна возраст со прекумерна тежина и деца со неурамнотежена исхрана . Во разговор со сите тие деца заклучив дека имаме голем проблем со прифакањето на различноста, на прашањето дали може од дома да си носат храна за на училиште одговорот скоро секогаш е СРАМ ми е оти другите деца ќе ме исмеваат. Децата купуваат од најблиската продавница, бурекчилница, носаат чипсови, сокови итн.
Родителите секогаш имаат еден изговор - НЕМАМ ВРЕМЕ. Родители знам дека најлесно е да се даде 100 ден и да си купи детето било што но дајте нешто да смениме за поздрави идни генерации. Бројот на деца со прекумерна тежина е во страшен пораст, бројот на деца со неурамнотеженост во исхраната исто така. Дајте мали промени за почеток да не се јаде секој ден чипсови, грицки, сендвичи, помфрити и сл. Јас како поединец неможам сама да направам многу но ние како заедница може да промени многу работи. Ако денес две деца носат од дома, утре ќе се три итн.
Убаво би било кога и училиштата би имале некој протокол за внес на храна, една листа на намирници што е дозволено, а што не е дозволено да се внесе. Да се почне со мали промени за да се дојде до покрупни промени.
Како мајка на дете со дијабет тип 1 секојдневно гледам како одредени оброци влијаат на покачување на гликемијата и колку е потребно некој оброк да се разложи. Дури и кај сосема здрави деца и возрасни лошата храна делува на исти начин како и кај лицата со дијабет но со помал гликемиски скок што не значи дека истата не е штетна и не предизвикува некое друго нарушување. Домашно припремената храна е секогаш во предност за разлика од купената поради разните додатоци кои се додаваат во истата. Дома сигурно не користите палмина маст, адитиви, бои,ароми итн.
Еве ви класичен пример од денес, каде моето дете реши заедно со другарчињата да јаде кифла од најблиската бурекчилница до училиштето, досега има примено три пати повеќе инсулин од вообичаено кога јадеме нешто друго. Три пати корекција со многу повеќе единици инсулин и гледате дека се‘ уште не може шеќерот да падне. Се прашувам што содржи во составот кифлата и дали некој контролира што се продава на пазарот?“
Фото: Фејсбук - Тања Дрвошанова/ Yotuube - screenhsoot