Родители под микроскоп ставија мајчино и вештачко млеко: Разликата ќе ве фрапира (ВИДЕО)

– Ова течно злато што го гледате го нарекуваме мајчино млеко – напиша мајката

Веруваме дека многупати сте слушнале дека нема ништо подобро и поздраво за бебето од мајчиното млеко. И навистина, мајчиното млеко е богато со витамини и бројни хранливи материи.

За жал, има мајки чие млеко никогаш не надоаѓа, па мораат да користат формула. Но, има и такви мајки кои од свои причини самоиницијативно одлучуваат да престанат со доењето и на своето бебе да му даваат само формула.

Џенсен Хауард и нејзиниот сопруг се родители на преслатко девојче и креатори на неверојатно видео од мајчиното млеко под микроскоп.

- Слушнав како мајчиното млеко постојано ја менува структурата во однос на тоа што му треба на бебето. Кога бебето е болно, млекото е полно со антитела кои го бранат организмот – изјави Џенсен, чиј татко работи во лабораторија, па добиле професионален пристап до микроскоп.

Џенсен прво објави видео од мајчиното млеко под микроскоп.


- Ова течно злато што го гледате го нарекуваме мајчино млеко. Татко ми работи во лабораторија и таму ставивме капка од моето млеко под микроскоп. Погледнете го ова чудо во живо пред вас! Сè што му треба на моето бебе во моментов. Навистина неверојатно – напиша оваа жена.

Таа потоа објави видео од формула млеко под микроскоп.


Иако, како што вели, сакала само луѓето да видат колку е здраво мајчиното млеко, оваа мама наиде на лавина негативни коментари.

„Изгледа како да им го туркате млекото под носот на мајките кои не можат да ги дојат своите деца“, напиша една жена.

„Дали сте сега повредни затоа што можете да доите?“ - додаде уште една.

Видеата ја покажуваат разликата помеѓу мајчиното млеко и формулата, а експертите објаснуваат дека меурчињата кои го полнат мајчиното млеко се протеини, витамини и минерали, додека оние во формулата се речиси невидливи.

Извор: Ona.rs