Родители внимавајте! Може да заврши фатално: Петгодишно девојче се задави додека јадеше грозје

Добивај вести на Viber

Лора Чемберс од Англија го опиша трауматското искуство што го доживеа пред неколку дена кога нејзината ќерка Оливија речиси се задушила додека јадела грозје за ужинка. Девојчето, кое наскоро треба да наполни пет години, во еден момент престанала да дише, а устата и била целосно сина кога грозјето и се заглавило во грлото.

Д-р Руша Бајиќ, педијатар, објаснува дека гроздот најверојатно завршил во грлото на детето, затоа што лошо дишело, а не поради самото зрно грозје.

- Грозјето е меко и лесно се џвака и голта, но претпоставувам дека девојчето лошо вдишало или било во движење и скокнало, па зрното паднало во нејзиниот душник. Многу е важно децата да бидат мирни додека јадат. Особено е опасно да се јадат семенки и ореви на помлада возраст. Не ги препорачувам до седумгодишна возраст, бидејќи тие се најчестите причини за давење. Треба да бидете претпазливи и со месото, бидејќи ако не се изџвака убаво, лесно може да заврши во душникот - забележува д-р Бајиќ.

Предупредувањето на Лора го пренесуваме во целост:

„Оливија за малку ќе умреше синоќа. И тоа по моја вина. Јас и направив ужинка од грозје и сушени житарки.

Прв пат слушнав за дете кое се задушило од грозје, кое јас не го преполовив. Си помислив - таа има скоро 5 години, не е такво дете кое страда од храна и се гуши, а јас брзав да завршам со чистење на куќата.

Таа се качи по скалите со ужинката за да продолжи да си игра со нејзиниот брат. Продолжив да чистам со правосмукалката, но за среќа ја исклучив кога ја слушнав на горниот дел од скалите. Во еден момент знаев што се случува. Трчав кон неа. Не можеше да дише.

Таа започнала да џвака едно зрно грозје, а тоа завршило во душникот и заглави. Ја свртев и силно ја удрив по грбот и ништо не се случи. Усните и станаа сини и воопшто не можеше да дише. Џејми конечно успеа да изведе маневар (зафат на Хајмлих) со кој зрното грозје излезе од грлото на Оливија и се стркала низ собата.

Лежам сега тука и ја гледам како спие, плачам и срцето ме боли додека гледам во нејзините гради каде има уште вдлабнатини што ги направи од ноктот кога се фати за грло обидувајќи се да добие воздух. Ова нека биде предупредување за сите родители - мојот живот се смени скоро засекогаш минатата ноќ, сето тоа поради мојата негрижа “.


Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Денес неговиот живот изгледа сосема поинаку: Се сеќавате ли на момчето чие семејство го остави да умре поради изгледот