(ФОТО) Денес неговиот живот изгледа сосема поинаку: Се сеќавате ли на момчето чие семејство го остави да умре поради изгледот
Printscreen/ Instagram/ landofhope
Дали се сеќавате на двегодишното момче кое беше одбиено од неговото семејство затоа што мислеа дека е вештер поради неговиот изглед? Денес неговиот живот изгледа сосема поинаку.
Пред четири години, светот го обиколи фотографијата на гладно момче кое го најде хуманитарката Ања Рингрен Ловен додека шеташе по улиците на Ескет во Нигерија. Таа откри дека станува збор за дете, едно од многуте, кое било одбиено од семејството.
Момчето во тоа време имало само две години и било целосно запоставено, гладно и дезориентирано. Тој талкал по улиците на Ескет во Нигерија сам и никој не сакал да му помогне затоа што луѓето верувале дека тој е вештер.
Осум месеци несреќното дете ги јадело остатоците што му ги фрлале минувачите. Но, средбата со дански хуманитарец му го смени животот.
„Тој беше во ужасна состојба кога го најдовме“, рече Ања, која момчето го нарече Хоуп (Надеж). „Тој беше во болница првите две недели, дури не знаевме дали ќе преживее“, изјави Ања за „Мирор“.
Ања ја презеде целата одговорност и старателство над детето, а момчето од тој момент „оживеа“.
"Тој е многу интелигентен и сака уметност, тој е креативен и многу од неговите дела се веќе продадени. Ние го нарекуваме "нашиот мал Пикасо"", рече Ања.
Момчето никогаш повеќе не се сретнало со неговите родители.
"Тој е голем сега и повремено кога ќе ја види нашата прва фотографија (кога се сретнавме), тој се насмевнува и изгледа гордо. Тој е свесен за трнливиот пат по кој помина.
Децата се раѓаат со можност за простување, без предрасуди. Дали го воспитуваме "да ги мрази своите родители кои го напуштија?“ Секако не. Ниту едно општество не може да се развива без основни човекови права, како што се пристап до образование и социјална заштита", рече Ања Рингрен.извор:stil.kurir.rs