Родителите на Стана избегаа од Југославија, а таа го освои Холивуд: Важи за една од најубавите жени
Стана Катиќ стана една од најпознатите холивудски актерки, а
инаку има Балканско потекло.
Холивудската актерка Стана Катиќ ја освои публиката ширум светот, додека гордо го истакнува своето Балканско потекло.
Родена е во 1978 година во Канада, каде што нејзините родители, Петар и Рада Катиќ, емигрирале од тогашната Југословенска Република Хрватска. Татко ѝ по потекло е од Врлика, а мајка ѝ од околината на Сињ.
Таа никогаш не ги криела своите корени од Балканот, туку гордо зборувала за своето српско, хрватско, па дури и црногорско потекло. Стана има четири браќа и една сестра.
„Моите родители се имигранти кои дојдоа од Југославија, преку Канада, во Америка. Тие ја напуштија Југославија како тинејџери и создадоа живот работејќи напорно за шест деца. Моите родители се извонредни луѓе бидејќи беа подготвени да одат во земја чиј јазик не го зборуваат и немаат никого до себе, мислам дека беа навистина храбри“, открила Стана и додала дека прв приоритет на нејзините родители било образованието на нивните деца.
Таа откри колку се‘ уште е приврзана за родителите иако веќе не е девојче, туку 40-годишна жена, опишувајќи ја ситуацијата на црвениот тепих:
„Стојам пред фоторепортерот, сите се сликаат и снимаат, а мама зад мене шепоти: Стано, исправи се“, низ насмевка изјави актерката.
Сепак, иако го оствари својот холивудски сон, таа вели дека сепак е обичната Стана Катиќ:
„Јас не се гледам себеси како славна личност. Се гледам себеси како личност која е многу заинтересирана за животот, која сака да работи со креативни и инспиративни луѓе. Јас сум главно личност која стои настрана и гледа", вели таа.
Покрај успешната филмска кариера и сопствената продуцентска куќа, Стана веќе неколку години е меѓу најсексапилните ТВ актерки на планетата. Нејзиниот талент за моделирање беше пофален од престижниот „Њујорк пост“.
Она што сè уште е интересно во животот на оваа убава актерка е фактот што во 2015 година се омажи за своето долгогодишно момче Крис Бркљач - на Балканот
Стана и Крис Бркљач ја договорија својата свадбена прослава, на големо изненадување, во Далмација. Крис е бизнисмен, а неговото вистинско име е Србољуб. Роден е во Австралија, но неговите родители се по потекло од Лика.
Како тинејџер отишол во Америка, каде извесно време бил бездомник. Сепак, успеал да заврши факултет и да развие приватен бизнис, а Стана ја запознал преку нејзиниот брат Марко, со кој бил и деловен партнер. Зад себе има еден брак.
Фото: Youtube - screenshoot