Ромео Грил и Калиoпи Букле: Липите на Илинденска беа нашиот заштитен знак, емоциите не можат да избледат и по толку години
Она што во
последно време е актуелно е песната „Знам“ која Калиопи ја отпеа со Жељко Самарџиќ,
а на која Ромео Грил се потпишува како комплетен автор. Песната е љубовна и
зборува за едно време кога двајца млади започнале романса, но малкумина знаат
дека таа песна има подлабока суштина – носи дел од една безвременска љубовна
приказна. Приказната на Роемо Грил и Калиопи
Букле.
„Јас никогаш не би дозволил да те повредат, ниту да го променат името на нашата улица каде прв пат те бакнав, тука срцето засекогаш ми остана„ се зборови од песната „Знам“, кои откриваат едно врме, почетокот на една љувов, која денес зад себе, како што се вели и во самата песна, има поминато километри и години...
-Ја навистина не знам каде се бакнавме прв пат, Ромео има страшна меморија, тој се памети па можеби и тоа било инспирација. Ја се сеќавам на трепетот на мојата душа кога ќе ме бакнеше. Тој беше скопски мангуп, но тој мене ме фати, не јас него, изјави Калиопи.
Па додаде дека пред да бидат заедно тој и бил најдобар пријател кој и ги знаел сите тајни.
- Бевме пријатели, јас го гледав како најдобар пријател, ми ги знаеше тајните кои не ги знаеа ниту моите дома. Тој мене ме откри. Тој го виде позитивното лудило во моите очи дека треба да го работам токму тоа што го работам денес, вели пејачката.
На ова се надоврза и Ромео кој за тоа време зборуваше со многу емоции, а не го оспори ниту фактот, дека и после „токлку години и километри позади нив “, емоциите кога се во прашање тие двајца не бледеат.
-Јас сега можам да ти кажам неее, нема емоции, но човек не може да избега од себе... Јас сега седам тука со кнедла во грлото. Знаеш, тука ми е гимназијатата во која учев, мојата улица, моето маало Дебар Маало. Последен пат бев пред Короната... се тоа е емоција. А, тоа исто важи и за емоциите кон Калиопи, тоа е секогаш така... изјави Ромео.
Сеќавајќи се на нивните почетоци, Калипи се сети и на една случка која досега никогаш не ја споделила.
-Мирисот на липите на Илинденска беше нашиот заштитен знак. И тие прошетки по Илинденска, по тоа го паметам нашето соединување. А она што ќе го откријам за прв пат е една случка. Една вечер на клупите блиску до мојата зграда во Карпош, јас и Ромео седевме на една клупа, тој тогаш ми рече: „Сега си седиме на клупава нели така?“, јас му одговрив да така е, „Епа еден ден ќе седиме на истава клупа но ти ќе носиш бурма на раката“, така и бидна, се присети Калиопи.
Љубовни или пријателски, емоциите кои постојат помеѓу Ромео и Калиопи неможат, а да не се забележат. Па затоа бевме љубопитни како на сето тоа гледа сопругата на Ромео, со оглед на тоа дека тие се голем период поминуваат заедно.
-Јас сум скопски мангуп, ние имаме потреба да се допаднеме, така било од секогаш. Но се има граница, оние кои ме знаат имаат доверба во мене, знаат што можат да очекуваат. Па така и таа, беше краток Ромео, додека пак Калиопи шеговито дофрли дека дури и премногу ги спојуваат иако тие се само добри пријатели и соработници.
Она што исто така не можеше да остане незабележано е тоа што Калиопи не изгледала никогаш поубава и посреќна а еве и зашто.
-Знаеш како, јас не сум како многу жени кои не излегуваат од салон, верувај ми едвај имам време да се посветам на себе. Мислам дека генетиката е пресудна. А другото е музиката тоа е енергија која навистина не може да се опише. Јас го сакам животот многу тоа е она што ме води.
А она што ќе трае долго, се токму емоциите кои Ромео ги преточи во збор во полседната песна на Калиопи, а кои се печат на едно време, на една безвременска љубов.
...И нека ова меѓу нас долго долго трае,
Да живее љубовта,
Позади нас се милји, километри, години,
Долги како Дунав,
Се е толку лесно кога ќе те прегрне среќата,
Тоа добро го знаеме јас и ти,
Моја љубов...
Елеонора А.