Ротари Клуб Скопје Вардар 245 донираше 3Д принтер за Пионерски дом Карпош

Добивај вести на Viber

Ротари Клуб Скопје Вардар 245 денеска сакајќи да придонесе за зголемување на креативноста кај младите, го реализираше својот прв проект - донација на 3Д принтер со сите потребни материјали за Пионерски дом Карпош - Скопје. 

Донацијата во име на институцијата ја прими директорката Билјана, заедно со нејзиниот тим и дечињата кои членуваат во секцијата за развој на креативност. 

„На настанот присутни беа повеќе членови на нашиот клуб и Огнен Фирфов како наш пријател ротаријанец. Ротаријанецот Гога од нашиот клуб, со неговата стручност, во времетраење од два школски часа на најмладите им го пренесе своето знаење за можностите кои ги нуди оваа нова технологија“, се вели во соопштението. 

Велат дека и натаму ќе продолжат со истото темпо и најавија настан кој ќе се одржи на 7 април во хотелот Парк.