Розова торта и путер колачиња за Лена: Исаура од „Преспав“ направи крштевка за својата ќерка
Во домот на актерката Емра Куртишова, позната во јавноста како Исаура од серијата „Преспав“ има повод за славење. Младото семејство за нивната прва среќа и наследничка, Лена направи крштевка.
По тој повод имаше голема розова торта на два спрата, на која беше напишано името на девојчето и мече со крилја, но и путер колачиња во розова и крем боја.
За овој убав настан мама Емра се одлучила да носи сив комплет од шик панталони и елек, комплет кој е тренд број еден летово, а тато Петар носи фармерки и крем кошула. Додека Лена во белиот фустан изгледа како мала принцеза.
Емра и Петар се актери, и и двајцата работат во „Театар за деца и младинци“ во Скопје, а и нивната прва среќа неодмана кога имаше само 4 месеци ја доби првата филмска улога.
Фото: Инстаграм