Руска политичарка порача русинките да не спијат со гости на СП во фудбал!
70-годишната Тамара Плетњова е претседател на комисијата за семејство, жени и деца во руската Дума, па во пресрет на Светското првенство, кое почнува денеска ги замоли русинките да се однесуваат внимателно за време на Мундијалот и да не се најдат во кревет со некој странец во следните месец дена додека трае најголемиот фудбалски спектакл.
Русија има очајно искуство од Летните Олимписки игри во 1980-та година во Москва, кога еден куп руски девојки останале бремени и родиле деца откако имале сексуални односи за време на игрите со странци од егзотични земји. Сето ова допрва се очекува да предизвика бура во западниот свет, најмногу и поради можните расистички испади во нејзините изјави.
„Тие деца подоцна патат, патат уште од времето на комунистичката ера. Ние треба да носиме деца на свет од нашата раса, а не од други раси. Не сум националист, ниту расист, но досегашните искуства не се баш позитивни“, рекла Плетњова.
Таа елаборирала дека сака во Русија да има свадби и да се раѓаат деца од љубов, а не од авантури или слично.
„Јас сакам граѓаните на Русија да имаат стабилни семејства, да живеат заедно, да прават деца, да ги едуцираат, а не да живеат како самохрани мајки или да заминуваат во странство во други семејства“, додала Плетњова.
Taа рече дека децата ризикуваат да бидат „напуштени и едноставно оставени со својата мајка" или алтернативно да бидат земени во странство од страна на нивните татковци, барајќи од жените да се венчаат со „руски државјани".
Нејзините коментари привлекоа критики и потсмев.
„Се прашувам што ќе каже Плетњова кога таа ќе се потсети дека треба да каже не на расизмот", напишала радио-новинарката Татјана Фелгенхауер на Твитер, во врска со долготрајната анти-расистичка кампања на ФИФА, „Say No to Racism".
Плетњова претходно ја критикуваше кампањата #MeToo против сексуалното вознемирување, привремено ширејќи се во Русија.
„Ние не сме во Америка или во Европа", изјави таа за веб-страницата Gazeta.ru во февруари. „Ако жената не сака, никој нема да ја малтретира", изјави тогаш таа.