Сè што имаш ти се руши пред очи: Потресно сведочење за земјотресот од Битола на инфлуенсерката Шијакоска

Добивај вести на Viber

Синоќа земјотрес ја погоди Македонија, особено југот од земјава, Битола, Охрид, Кичево... Потресот од 5.3 степени по Рихтер, кој беше со епицентар во Лерин, Грција се почувствува низ целата земја.

Битолчани, Охриѓани и останатите граѓани кај кои се почувствува посилно земјотресот буквално ноќта ја поминаа под отворено небо, некои од нив ноќта ја поминаа во своите автомобили, други на улица со комшии и блиски пред запалени огнови, трети останаа во своите домови но стравот не ги напушти.

Инфлуенсерката Александра Шијакоска, неколку часа по земјотресот се огласи на Инстаграм Стори и сподели дека е добро, но искрена до срж го раскажа нејзиното потресно сведоштво:

„Никогаш досега не сум осетила земјотрес. На петти спрат, далеку од татко ми и сите. Пукаа ѕидовите. Се што имаш ти се руши пред очи. Неколку секунди. Само толку се потребни за да не снема.Прв пат имав напад на паника и не можев да диѓам. Среќа не бев сама. Кашлав и снемав воздух. А мислев дека сум бестрашна и не се плашам од ништо. Живот...“



Фото: Инстаграм - Александра Шијакоска