Сѐ што сакал - во една жена: Огњен Амиџиќ откри што го привлекло кај Мина и како дознале дека ќе добијат бебе

Добивај вести на Viber

Познатите водители Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ ќе го добијат своето прво дете во првата половина на 2024 година, а Амиџиќ сега раскажа како откриле дека имаат ново бебе

Популарниот водител Огњен Амиџиќ, кој со години го води своето оригинално шоу АмиГ шоу на ТВ Пинк, не зборува често за својот приватен живот. Сепак, сега има прекрасна причина да направи исклучок – во 2024 година повторно ќе стане татко.

Амиџиќ и неговата колешка Мина Наумовиќ со која соработуваше во неговото шоу го очекуваат првото заедничко дете, а медиумите објавија дека парот се свршил и планира романтична венчавка.

Како што кажа сега, она што ги поттикнало да направат тест за бременост на Мина е тоа што таа била многу, многу раздразлива.

View this post on Instagram

A post shared by Mina Naumovic Amidzic (@callmenaumi)



- Во тој момент бевме на Иос, во прекрасното одморалиште Калило, навистина се беше како од бајка, освен Мина, која тој ден се однесуваше поинаку од вообичаено. Беше доста раздразлива, дури и ја искина книгата што ја читав на плажа. Книгата буквално изгледаше како да е нападната од морски прасиња. И тогаш предложив да направиме тест. Се покажа позитивен, остатокот од приказната не е за јавноста. Можам само да кажам дека бевме посреќни од било кога, бидејќи навистина го сакавме и очекувавме – истакна водителот за Pink.rs.

Тој додал дека не му е важно што ќе наследи бебето од нив, туку само се да биде добро.

- Пред се сакам Мина и бебето да бидат добро, моето семејство да биде здраво и заедно - нагласи тој.

На прашањето што најмногу го привлекувало кај Мина, Амиџи одговара дека знае оти со неа никогаш нема да му биде досадно.

-Никогаш не е досадно со неа и тоа е сѐ што некој како мене би можел да го посака кај една жена, бидејќи буквално се ми досадува, се досадувам себеси. Како и секој маж, на почетокот се приврзав за пакувањето, но многу брзо сфатив дека содржината е уште подобра и знаев дека таа никаде повеќе не оди без мене - вели тој.



ФОТО: Инстаграм